Мижаел Калдагинау Абреу е момче од пет години и тој тежи трипати повеќе од децата на негова возраст. Има 80 килограми и поради одреден синдром, не може да престане да јаде. За жал, може да се задуши поради сопствената дебелина.
Поради преголемата тежина, ноќе додека спие, често губи здив и неговите родители се плашат дека едно утро тој нема да се разбуди.
– За него сѐ е тешко, бидејќи тој е бебе со тежина на возрасен човек – изјави таткото на детето Маноел Абреу.
Неговото срце работи под огромен притисок, а ако Мизаел не се придржува под одреден третман, нема уште долго да живее.
Мизаел во Бразил е роден како здраво бебе од 2,7 килограми, но веднаш почнал да се гои. Докторите сметаат дека тој има Прадер-Вилиев синдром, ретко генетско нарушување кое му создава постојан апетит. Тој моментно има 80 килограми и покрај исхраната со малку масти и секојдневно вежбање, пак се гои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)