Во прилепско Беровци денеска беше поставен камен-темелник за изградба на црквата „Св. Никола“. Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше митрополитот преспанско–пелагониски г. Петар, кој го истакна значењето на изградбата на цркви и христијански храмови во регионот, за поддржување на православната вера и за зачувување на православието.
На осветувањето на темелите на црквата „Св. Никола“ во населено место Беровци присуствуваше и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, кој нагласи дека локалната самоуправа секогаш помога во изградба на храмови и дава максимална поддршка на сите оние кои ја имаат иницијатива.
Иницијаторите за изградба на црквата „Св. Никола“ посочија дека црквата ќе ја градат со помош на донации од верниците и дека таа ќе преставува нивна заложба за зачувување на православната вера и враќање на младите на татковите огништа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив