| четврток, 6 декември 2018 |

Осветени темелите на новиот православен храм во Беровци

IMG_1618

 

Во прилепско Беровци денеска беше поставен камен-темелник за изградба на црквата „Св. Никола“. Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше митрополитот преспанско–пелагониски  г. Петар, кој го истакна значењето на изградбата на цркви и христијански храмови во регионот, за поддржување на православната вера  и за зачувување на православието.

На осветувањето на темелите на  црквата „Св. Никола“ во населено место Беровци присуствуваше и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески,  кој нагласи дека локалната самоуправа секогаш помога во изградба на храмови и дава максимална поддршка на сите оние кои ја имаат иницијатива.

Иницијаторите за изградба на   црквата „Св. Никола“ посочија дека црквата ќе ја градат со помош на донации од верниците и дека таа ќе преставува нивна заложба за зачувување на православната вера и враќање на младите на татковите огништа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top