Екипата на ЖРК Вардар се пласираше на фајнал-форот во Будимпешта во рамките од Лигата на шампионите откако во реванш мечот на гостински терен кај Ларвик загуби минимално со 28-26, но поради преголемата разлика од 14 голови која ја оствари во СЦ „Јане Сандански“ заслужено се најде меѓу четири екипи на стариот континент, трета година по ред.
Најзаслужна за големата победа и главна ѕвезда во тимот беше француската голманкata Амандин Лејно која успеа да фати дури 34 топки во двата меча. Една од нив е и најдобра во сите четири реванш дуели, и сосема заслужено се најде на врвот на топ-5 листата на најубави одбрани.
Топ 5 најдобрите одбрани од изминатиов викенд може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Но, и пикерот на Вардар Ања Алтхаус се најде во изборот меѓу најдобрите потези изминатиов викенд. Нејзиниот атрактивен гол од невозможна позиција се најде на второто место меѓу најубавите голови, веднаш зад погодокот на Хајди Локе од Ѓер.
Најдобрите пет голови може да ги видите ОВДЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)