Морнарите тргнале кон микронезискиот остров Вено, но кога поминале четири наутички милји големите бранови го превртеле нивниот брод.
Тројцата рибари биле принудени по мракот да препливаат три километри до брегот.
Крајбрежната стража била алармирана дека тие се качиле на авион на островот Чук, како што и планирале.
Четири бродови со радарска опрема испловиле да ги пронајдат загубените морнари. Тие, комбинирано, по рибарите трагале 17 часа, а пребарале површина од 178 квадратни милји.
„Нашите комбинирани напори вродија со плод, успеавме да ги пронајдеме”, рекол Вилијам Вајт, командант од секторот Гуам.
Тројцата мажи поминале три дена плашејќи се дека повеќе нема да ги видат своите пријатели и семејства. Тие се наоѓале на островот Фанадик, еден од 600 острови во Микронезија.
Сепак, не сакале премногу да очајуваат, па решиле од палмини гранки да го напишат зборот „Help“, или „помош“, а тоа успеало.
Имено, екипажот на еден хеликоптер од Јапонија, ја видел необичната порака на плажата и луѓе кои мавтаат со своите појаси за спасување.
Веднаш биле транспортирани на островот Пулап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)