Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски деновиве се појави во Чешка, во издание на „Одеон“ од Прага.
Делото на Смилевски е објавено во рамките на едицијата „Светска библиотека“, во превод на чешки јазик на Дагмар Доровски и Иван Доровски.
Во исто време со појавувањето на романот „Враќањето на зборовите“ на чешки, списанието „Литерарни новини“ од Прага објави подолг фрагмент од делото пропратен со изјава на уредникот на „Одеон“ Јиндржих Јузл, во која се вели: „Во едицијата „Светска библиотека“, која е водечка во нашата издавачка куќа, излезе од печат 180 наслов, романот „Враќањето на зборовите“ од македонскиот автор Гоце Смилевски. Во истата едиција наскоро ги објавуваме и делата на Харуки Мураками, Џон Ирвинг и Мишел Уелбек.“
Во препораката на издавачот се подвлекува дека романот на Смилевски „по многу нешта е невообичаен, и потсетува на прозата на Умберто Еко“.
Во 2013 година издавачката куќа „Одеон“ на чешки јазик го објави романот на Смилевски „Сестрата на Зигмунд Фројд“. Делото предизвика големо интересирање кај читателите и до сега на чешки јазик доживеа три изданија. Инаку, романите „Разговор со Спиноза“ и „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски се преведени на преку 30 јазици во светот.
Романот „Враќањето на зборовите“ на македонски јазик се појави минатата година во издание на „Дијалог“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!