Околу 1000 натпреварувачки денес учествуваа на големата женска трка која се одржа во Скопје и истрчаа два километри околу езерцето во Градскиот парк. На најдобрите во неколку возрасни категории им беа доделени медали и дипломи, а беше организирана и лотарија за сите учеснички. Трката е дел од промотивните активности за најмасовниот спортски настан во земјава, Скопскиот маратон кој ќе се одржи на 8 мај.
Досега за Скопскиот маратон се пријавени повеќе од 4.500 натпреварувачи од 38 земји, а аплицирањето за учество е отворено до 29 април со што се очекува бројот на учесници уште повеќе да се зголеми. Женската трка која се одржа денес е дел од промотивните активности на скопскиот маратон чија цел е да се популаризира трчањето како спортска активност. Останува да се одржи уште и детската трка која е насочена кон тоа да им го приближи трчањето и на најмладите.
На Скопскиот маратон главно обележје се: стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратонот (21.097км) и трката на 5 километри, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.