
Синоќа во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Регуларниот дел од сезоната привршува, остануваат уште четири дена игра, некои тимови уште се во борба за влез во плејофот, а на Голден Стејт им се потребни уште две победи за ново историско достигнување.
Исцрпените Вориорс успеаа да направат пресврт во мешот со Мемфис и на крајот да победат со еден разлика. Се вратија од -10 разлика на гостувањето во Тенеси, ја остварија 71. победа оваа сезона (имаат 9 порази) и остануваат во борба за соборување на рекордот на Чикаго од сезоната 1995-1996 (72 победи – 10 порази).
Дрејмонд Грин постигна важни поени при пресвртот, заврши со 23 поени и 11 скокови. Следната станица на Голден Стејт на патот до рекордот, а можеби и најтешка, е вечерва во Сан Антонио. Вориорс ги изгубија последните 33 натпревари на гостувањето во Сан Антонио, а останува да видиме дали Грег Попович ќе продолжи да ги штеди своите најдобри играчи, како и што правеше на последните неколку натпревари откако ја осигураа втората позиција на Западот, или ќе „удри со сета сила“ за да ги спречи Вориорс во нивната историска цел.
Чикаго ја продолжи надежта, ги победија Кливленд, Џими Батлер постигна 21 поен, а одлична вечер имаше и рукито Кристијано Фелисио со личен рекорд од 16 поени. Со оваа победа Булс математички остануваат во игра за пласман во плејофот. Но, крај на сите надежи ќе има стави Индијана доколку вечер победи.
И покрај 33-те поени на Леброн, Кливленд пропушти шанса да го завери првото место на Истокот, но ќе има шанса во следниот меч, овој пораз не беше толку значаен за нив.
Атланта го победи Бостон, остана осамена на 3. место на Истокот. Извонредниот Пол Милсап со 31 поен беше херојот во триумфот, најмногу поени за него сезонава. Атланта со оваа победа ги зголеми шансите да остане на третата позиција, евентуално четвртата, односно тоа значи да има предност на домашен терен во првата рунда од плејофот.
Резултати:
Атланта – Бостон 118-107
Њу Орлеанс – Феникс 100-121
Чикаго – Кливленд 105-102
Мемфис – Голден Стејт 99-100
Портланд – Минесота 105-106
Сакраменто – Оклахома 114-112
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


