Македонската ракометна репрезентација поразена и во вториот натпревар од квалификацискиот турнир за Летните Олимписки игри во Рио.
Нашите ракометари загубија од селекцијата на Тунис со резултат од 32-26 и испуштија историска шанса да бидат првата наша репрезентација која ќе настапи на Олимпијада.
Лошо го започнавме натпреварот, во првите 9 минути веќе губевме со 7-1, а по 15 минути игра имавме постигнато само 3 гола. Најмногу што успеавме да намалиме беше на 10-6, но потоа следуваа исклучувањата на Маркоски и Јоноски и Тунис повторно направи поголема разлика.
Во второто полувреме ништо не се промени. На стартот Лазаров промаши пенал, во нападот повторно не бевме конкретни, промашувавме, не резлизиравме кога на теренот бевме со играч повеќе. Разликата најголем дел од времето беше околу 5-6 гола, најблиску што успеавме да намалиме беше на три гола разлика, но нашата одбрана не успеваше да ги задржи нападите на Тунижаните.
Капитенот Кирил Лазаров беше најпрецизен во нашата репрезентација со осум гола и ја пропушти својата втора, можеби и последна, шанса за учество на најголемиот светски спортски настан.
Нашите ракометари утре во 18:00 часот ќе го одиграат последниот натпревар од овој квалификациски турнир против Чиле, кој ќе биде само ревијален, бидејќи веќе е јасно дека Полска и Тунис ќе играат на ОИ во Рио де Жанеиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство
-
Храбрата и млада Македонија има 12 – 12 на полувреме против моќната Данска
-
Чешка и Словенија одиграа нерешено и ја отпишаа Македонија од битката за петто место
-
Неверојатни комбинации: Кој со кого е цимер во македонската репрезентација?