Денес е нов ден, ден за победа, вистински испит за нашите репрезентативци, шанса за поправен и да ја покажат вистинската моќ на оваа генерација ракометари.
Вчерашниот пораз на македонската ракометна репрезентација од Полска, на првиот меч од квалификациите за пласман на олимписките игри во Рио, веќе е минато и мотив плус за нашите ракометари да покажат што знаат.
Противник денес ни е африканскиот ракометен вицешампион Тунис, со кого играме во 18 часот во Гдањск. Тунижаните на овие квалификации се дојдени со променет состав, имаат нов селектор, а по првиот нивни натпревар вчера со Чиле, и покрај победата, нашиот селектор смета дека не би требало Тунис да ни биде пречка на патот до Рио.
Ивица Обрван нагласи дека африканскиот вицешампион е далеку од квалитетот на Полската репрезентација.
– Тунис сепак не е репрезентација со квалитет како Полјаците. Ги гледавме денеска, знаеме дека не покажаа се што знаат. Ги анализиравме и нивните претходни настапи. Уште пред доаѓањето овде посакувавме победи над Тунис и Чиле за пласман на ОИ, верувам дека имаме квалитет, дека сме подобра репрезентација од овие два ривали и сега ќе треба тоа да го покажеме на терен, изјави вчера хрватскиот стручњак. За пласман на нашата ракометна репрезентација на Олимпијадата во Рио доволни ќе бидат две победи, односно мораме да победиме денес против Тунис и утре против Чиле, кој е „аутсајдер“ на турнирот во Гдањск.
Нашиот капитен, Кире Лазаров, е уверен во денешната победа, а утре со Чиле ќе биде ставен печат на учеството на олимписките игри, кое ќе биде прво за една македонска репрезентација.
Нашата репрезентација во Гдањск ја придружуваат околу 300 навивачи, меѓу кои е и гостиварчанецот Мирослав Попоски, страсен навивач на сите наши спортски селекции каде и да играат.
– Олимпискиот сон е на дофат, ние сме тука да им помогнеме на Лазаров, Борко, Миркуловски и на другите на патот кон остварување на нивниот и нашиот сон. Затоа што оваа генерација ракометари заслужува, за се она што ни го подари последниве десетина години, да се најде на олимпискиот турнир, вели Попоски кој најавува жестока поддршка од „фалангата“ од трибините на „Ерго арената“ во Гдањск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство
-
Храбрата и млада Македонија има 12 – 12 на полувреме против моќната Данска
-
Чешка и Словенија одиграа нерешено и ја отпишаа Македонија од битката за петто место
-
Неверојатни комбинации: Кој со кого е цимер во македонската репрезентација?