Легендарните Цанде и Сотка, Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски само за Вас на сцената на Драмски, утре – ја најави директорот на Драмски театар Роберт Велјановски ексклузивната изведба на претставата „Солунски патрдии“ по повод 70 години од основањето на театарот.
Изведбата на најиграната претстава во историјата на Драмски театар почнува во 20 часот.
Претставата „Солунски патрдии“, чија премиера во Драмскиот театар е одиграна во јуни 1979 година имала најмногу изведби во 70-годишното постоење на театарот. До 2006 година, оваа култна претстава на Миле Попоски, во режија на Kоле Ангеловски, била изведена 335 пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.