| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Со овие снимки уценуваат луѓе и фирми, им викаат „Види што му се случи на Латас и тебе ќе ти се случи“

latas-kaj-janko

СДСМ не успеа да ја постигне целта која ја имаше објавувајќи нелегално прислушкувани разговори. Потоа замешаа израелски служби и кинеска компанија да и наштетат на Македонија за нечија туѓа корист. Сега, објавуваат други снимки со цел да уценуваат луѓе. Ова го истакна уредникот на Сител, Драган Павловиќ-Латас во емисијата на Јанко Илковски.

-Тие луѓе сега прават рекет. Освен Зоран Заев зад овие снимки стојат Верушевски, Љупчо Палевски, Зоран Божиновски, уредникот на „Доказ“ и Сашо Ивановски од Мактел. Тие се егзекутори, рече Латас.

Тој потенцира дека на него никој не му барал пари, ама снимките кои ги објавуваат за него служат како закани за други лица. Латас обелоденува дека Заев барал од амбасадите уредникот на Сител да биде повлечен од јавноста.

На ова претходи барање на Заев до две странски амбасади јас да не водам вести, зошто сум бил влијателен и тоа им штетело на избори. Јас не сум заинтересиран да се повлечам. Ми викаа да ме нема, да се повлечам. Јас имав контра-предлог, им реков дека јас живеам од оваа работа, приходите ми се уредно пријавени во УЈП, а вие барате 6 месеци да не се појавам. Барав да ми се плати тоа, Заев нека плати на моја сметка колку што треба и персонален данок. Дали го сфатија тоа сериозно? Тоа е исто како на Меси да му кажеш да не игра фудбал зошто само он добива златна копачка. Пробаа закон за медиуми, пробаа да ме тргнат и не успеаја. Сега тргнаа со новите снимки, рече Латас.

Тој објаснува каква цел имаше оној кој ја објави снимката од евентуален разговор меѓу него и „Ѕинго мали“.

-Сакаа да ги раскараат сите спомнати во Сител. Понатаму, со овие снимки уценуваат и им се закануваат на луѓе и фирми и им викаат „Види што му се случи на Латас и тебе ќе ти се случи“, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top