| четврток, 6 декември 2018 |

По неколку месеци исчекување, конечно договорен реваншот меѓу Кличко и Фјури

По неколку месеци исчекување, договарања па дури и гласините за откажување, конечно е договорен реваншот на боксерски спектакл меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко.

Информацијата преку твитер ја објави чичкото на тешкашот од Велика Британија, Петер Фјури кој воедно е и тренер на актуелниот светски шампион. Борбата е закажана за 9.јули во Манчестер. Деталите за местото на одржување ќе бидат соопштени на прес-конференцијата која е закажана за подоцна во текот на денот.

Сепак се шпекулира дека „мечот на векот“ би можел да се одржи на легендарниот „Олд Трафорд“ домот на Манчестер јунајтед пред повеќе од 80.000 гледачи.

Како што пренесува „ББЦ“ тој викенд би можел да биде најголемиот во историјата на спортот, бидејќи покрај дуелот на Фјури и Кличко, ќе се игра и финалето на ЕП во Франција, финалињата на неофицијаното светско тениско првенство во Вимблдон и Формула 1 трката за Големата награда на Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top