| четврток, 6 декември 2018 |

Кој сѐ сега го кара Заев?

zaev panika1

Кога Република објави дека некој на српски го кара Заев доцна навечер во партиското седиште, партиските гласноговорници молчеа. Освен водачот на пратеничката група Сугаревски, кој призна дека СДСМ соработува со српските „продавачи на ветер и магла“. Одговор на прашањето за тоа на какво ниво бил соработката и колку тоа ги чини СДСМ се уште нема. А, резултатот од тоа карање беше видлив со протестите и насилството со кое се обиде да ја разори државата, а сега со сценариото за бегство од избори кое се спроведува.

tema167-1По одлуката повторно да бега од избори, но и своеволно да си ги повлече функционерите од власта, а без притоа да добие дозвола од „чадорот“, сега Заев е подложен на непрекинато карање, но овој пат меѓународно, од повеќе страни.

Така, на „жешка рафална линија“ Заев беше со дел од еврокомесарите како Хан и Могерини. Не може да се занемари фактот дека разговарале само и само со Заев.  Веројатно го побарале и тројката европратеници, а најмногу зборови му упатиле амбасадорскиот тим на ЕУ и САД. Веројатно разговорите не биле во насока на „честитки“ за одлуката за бегството од избори и соочување со народот.

Сега со особено  внимание се очекува да се види чие карање остава поголем впечаток врз лидерот на опозицијата, дали на оние кои го караа на српски или пак на меѓународната заедница. Односно, дали Заев ќе се одлучи за улица по паметот на пајташите од СОРОС и неговите платеници во земјава кои што ја водат партијата или за фер и кредибилни избори? Или пак, сепак е толку голем стравот од соочување со народот по последните анкети на ИРИ кои што се уште се чека да се објават, ќе се покаже за неколку денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top