| четврток, 6 декември 2018 |

За победниците на Вимблдон убави награди од 2,4 милиони долари

Организаторите на неофицијалното светско тениско првенство, или како што е попознат турнирот во Вимблдон, го зголемија наградниот фонд за 40%, а победниците ќе добијат по 2,4 милиони долари. Турнирот што е единствен по многу работи, најмногу по подлогата од трева, ќе се игра од 24 јуни до 7 јули, а вкупниот награден фонд ќе изнесува 34,4 милиони долари.

Тоа е рекорд и најголем паричен фонд во историјата на професионалниот тенис. Организаторите најавија и изградба на движечки покрив и над теренот број 1, покрај веќе постоечкиот на централниот терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top