| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт рутински до победата над Сан Антонио, се поблиску е рекордот на Чикаго (видео)

stef kari

Кошаркарите на Голден стејт не се откажуваат од трката за рекордот на Чикаго булс. Тоа го покажаа со новата победа над главниот конкурент за титулата. Актуелниот шампион на НБА лигата славеше на свој паркет против Сан Антонио со 112-101, па стигна до скор од 70-9.

За да го срушат рекордот на Мајкл Џордан и компанија од 1996 година, мора да ги добијат сите три преостанати натпревари до крај, иако нема да им биде ниту малку лесно. Прво гостиваат на Мемфис, па на Спарси, и на крај во својата „Ораклс арена“ ќе бидат домаќини на Гризлис.

На синоќешниот дуел, тимот на Грег Попович не успеа да го запре Стеф Кари, кој стигна до 27 поени, а му недостасуваше само уште една асистенција за „дабл-дабл“. Барнс дополни со 21 поен, Дрејмонд Грин имаше 18 поени, додека Клеј Томпсон застана на 14 поени.

Чикаго речиси извесно останува без плеј-оф, а новиот пораз во Мајами (106-98) го креираа шест играчи со двоцифрен ефект во дресот на Хит. Горан Драгиќ и Хаслем имаа по 16 поени. Џонсон дополни со 17 поени, а Вејд беше најефикасен со 21 поен.

НБА резултати:

Атланта – Торонто 95-87
Хјустон – Феникс 115-124
Мајами – Чикаго 106-98
Сакраменто – Минесота 97-105
Голден стејт – Сан Антонио 112-101

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top