ДУИ ќе учествува на изборите на 5 јуни, потврди претседателот, Али Ахмети, синоќа во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат-М.
Тој го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да го преиначи ставот и да гледа, како што рече, да остане во процесот за доброто на земјата и на неговата партија.
– Тие не треба да се самоисклучат, туку треба да бидат дел од процесот, бидејќи од тоа нема да имаат корист ниту СДСМ ниту нивните гласачи – вели Ахмети.
Тој е сигурен дека во периодот што следи ќе има контакти со олеснувачи и со помагачи на договорот од Пржино. Лидерот на ДУИ вели дека треба да се почитува овој договор, затоа што тоа ќе значи дека сите партии треба да се дел од процесот на одржување на изборите на 5 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.