Откако необичниот дуел на напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез и на фудбалерот на Челси, Бранислав Иваничевиќ, каде што овој првиот во налет на емоции го гризе за раката својот противник, за само неколку часа стана центар на спортската јавност, за ова се заинтересира и некогашниот боксер број еден, Мајк Тајсон.
Не е ни чудо бидејќи овој несекојдневен потег на Суарез наликува на оној легендарен меч од далечната 1997 година кога Челичниот Мајк му одгриза дел од увото на неговиот противник Евандер Холифилд.
И самиот Тајсон го признава ова, па дури и почнал да го следи на профилот на „Твитер“ на уругвајскиот фудбалер.
– Влегов на „Твитер“ и си реков „Еј, ова е забавен дечко, ќе го следам“. Знаете тој гризна човек, ете се случува… Знаете на што мислам – со насмевка одговорил Тајсон на прашањата на медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


