Не само што не постои уставна можност, туку веќе не постои ниту граѓански консензус за тоа да се одложат изборите, изјави универзитетската професорка Татјана Каракамишева за ТВ Нова.
-Стапи на сила одлуката на само распуштање на Собранието на Р.М. Што значи од денес собранието престанува да функционира во оној состав како што функционираше до вчера. На сите пратеници им е престанат мандатот, значи немаат веќе никакви права и должности по основ на устав и по основ на мандатот кои што го добиле од мандатот во 2014, вели Каракамишева.
Следува, појаснува Каракамешева, фаза на донесување на одлука за одржување на парламентарни избори кој што ќе бидат повторно предвремени.
-Сега го чекаме претседателот на Собранието кој како што изјави дека на 15 април ќе ја потпише таа одлука за распишување на изборите од кога започнува да стапат на сцена сите изборни рокови кој што се врзани за изборни дејствија кој што треба државната изборна комисија да ги превземе, започнуваат од кога одлуката ќе стапи на сила односно кога ќе биде објавена во весник, изјави Каракамишева за ТВ Нова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.