| четврток, 6 декември 2018 |

16 годишно момче ќе одговара за „убиство во обид“

noz-napad500Шеснаесетгодишник со клешта ја удрил 18-годишната С.А., при што и нанел телесни повреди во пределот на главата. Потоа со нож два пати го прободел во левиот колк 25-годишниот А.А. Сето тоа момчето го сторило по кавга, синоќа околу 21 часот во Крива Паланка.

Повредените по укажаната лекарска помош во болницата во Крива Паланка, се пуштени на домашно лекување.

Во 23.50 часот насилникот бил приведен во полициска станица и по извршениот разговор бил ослободен. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „убиство во обид“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top