Белгиските обвинители објавија нова снимка од преживеаниот терорист од нападите врз аеродромот во Брисел на која се гледа каде се упатил штом го напуштил местото на нападот.
Обвинителството бара од јавноста да се јави во полиција доколку има информации за мажот од видео снимката.
Видеото е од безбедносните камери низ Брисел, а тој носел капа и јакна со светла боја. Според обвинителлството, тој ја соблекол јакната и ја фрлил, па молат доколку некој најде слична јакна да ја однесе во полиција.
Јакната има калчунка со темна постава, а доколку биде пронајдена, може да даде многу информации за осомничениот.
Во терористичкиот напад на 22 март загинаа 35 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)