| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Не одиме на Велигден, немаме јајца

easter-eggs
СДСМ денеска одржа прес-конференција на која се обрати лидерот Зоран Заев кој зазеде цврст став дека СДСМ нема да учествува во прославувањето на Велигденските празници.

„Како што кажавме, слободни, демократски Велигденски празници заслужуваат граѓаните на оваа држава. Кажете ми каква е таа слобода и демократија кога ќе празнуваме како го распнале Синот божји на крстот. Распнувањето на синот на човекот кој ме црпна од нивите и ме фрли тука да ја ослободам и демократизирам Македонија е директен доказ дека власта не сака демократија и слобода, ниту слободен Велигден“, изјави Зоран Заев.

„Со неспроведени реформи во делот на распнувањето и непречистен список на луѓе кои постеле не може да имаме фер и кредибилен Велигден“, додава Заев.

Според лидерот на СДСМ, сосема е сигурно дека тие нема да учествуваат на ваков Велигден и апсолутно немаат намера да си купат јајца со кои би учествувале во прославувањето на празникот.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top