| четврток, 6 декември 2018 |

Поглед на полињата со лалиња во Холандија од дрон (видео)

Доаѓањето на пролетта значи и будење на природата и нејзино обојување со најубавите бои кои човековото око може да ги забележи.

Пролетта е најубава во Холандија, посебно за време на сезоната на цветање на лалињата кога огромните пространства со лалиња стануваат најколоритниот дел од планетата Земја.

Градината Кеукенхоф е една од најпознатите ботанички градини, лоцирана на околу 35 километри од Амстердам.

Како една од најголемите градини со лалиња во земјата не е ни чудно што таа е главното собиралиште на фотографите, особено во текот на пролетта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top