| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп: Работам за Ливерпул, нормално дека ќе се радувам ако дадеме гол во Дортмунд

jirgen klop

Германскиот стратег Јирген Клоп, кој го предводи Ливерпул, вечерва се враќа на местото каде ја доживеа најголемата афирмација како тренер во кариерата. Тој ќе излезе на „Сигнал Идуна Парк“, каде мина фантастични седум сезони како тренер на Борусија Дортмунд. На денешниот прв четвртфинален дуел од Лигата на Европа, токму тој ќе биде во фокусот на вниманието. А, вели дека ќе се радува доколку Ливерпул постигне гол против неговиот поранешен клуб.

– Секако дека ќе се радувам. Ако славев кога првпат со Борусија Дортмунд се вратив во Мајнц, а таму претходно бев цели 18 години, зошто не би славел против Борусија Дортмунд?! Не гледам дека тоа е нешто лошо. Респект му покажувате на клубот за кој работите во моментот. Давав се од себе кога бев во Мајнц, потоа и во Борусија Дортмунд, а ќе давам се од себе на секој меч и додека сум во Ливерпул. Што се однесува до овој дуел, мислам дека Ливерпул треба да искачи една многу висока планина за да се пласира во следната фаза од ова натпреварувањето – изјави Јирген Клоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top