| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Имаме уште 90 минути да ги поправиме работите

Real Madrid vs Deportivo Coruna

Реал Мадрид беше непријатно изненаден во првиот натпревар од четврфиналето во Лигата на шампионите на гостувањето кај Волфсбург, загуби со 2-0, а тренерот Зинедин Зидан е согласен дека неговиот тим направи многу малку на овој прв четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Сега им преостанува да искачат цела планина во реваншот за да ја потврдат улогата на фаворити против германскиот тим.

– Нормално,нНе сум задоволен. Направивме многу малку на овој меч. Но, сепак, имаме уште 90 минути во Мадрид за да ги смениме работите во наша корист. Ова беше многу тежок натпревар за нас, неколку дена после „Ел Класико“, но тоа не треба да ни биде оправдување. Не бевме на потребното ниво, ќе анализираме и ќе се потрудиме максимално за да бидеме многу подобри во реваншот – изјави Зинедин Зидан.

„Кралевите“ ќе имаат уште потешка задача ако се знае дека се повреди и Карим Бензема.

– Бензема се пожали на повреда и беше заменет. Тоа е задача на лекарскиот тим, секако дека ќе ги добиеме потребните информации. Но, ние сите треба да останеме обединети и да возвратиме на реваншот – дополни францускиот стратег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top