Македонската ракометна експедиција утрово во 9 часот со чартер лет од скопскиот аеродром замина за Гдањск, Полска, каде од утре до недела ја очекува квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро.
Повеќе од оптимистичко е расположението во македонските редови пред еден од најзначајните ракометни настани, за нас, во историјата. Македонија за прв пат е со повеќе од реална можност за пласман на една наша репрезентација во екипен спорт на Олимписки игри, кој треба да претставува круна на златната наша генерација предводена од еден од најдобрите европски ракометари, Кирил Лазаров…
Првиот натпревар на турнирот во Гдањск македонските репрезентативци го играат утре од 20:30 часот против домаќинот Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство
-
Храбрата и млада Македонија има 12 – 12 на полувреме против моќната Данска
-
Чешка и Словенија одиграа нерешено и ја отпишаа Македонија од битката за петто место
-
Неверојатни комбинации: Кој со кого е цимер во македонската репрезентација?