| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН ја доби Националната награда за континуирано подобрување на услугите на пазарот

SONY DSC„ЕВН Македонија“ и годинава е добитник на награда на манифестацијата „Национална награда за најдобри општественоодговорни практики на претпријатијата“, која ја организира  Министерството за економија заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата.

За првпат во традицијата на постоењето на наградата, „ЕВН Македонија“ доби плакета во категоријата односи на пазарот и тоа за проектот „Континуирано подобрување на услугите“. Се работи за програма за подобрување на услугите на компанијата која во центарот на своите активности го има корисникот. Преку повеќе различни методи, мислењето на корисниците беше евидентирано, анализирано, а нивните сугестии во голем дел беа реализирани во рамки на организацијата. Во согласност со анализите, произлегоа дваесет проекти за подобрување на најразлични процеси и услуги, како, на пример, информирање, обесштетување, едукација, итн.

Министерството за економија традиционално ги доделува овие награди на македонските компании. Годинава Националната награда е дел од иницијативата поддржана од Европската комисија – „Европски систем на наградување на општествена одговорност на претпријатијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top