Македонската ракометна репрезентација е подготвена за предизвикот што го носи со себе настапот на предолимпискиот турнир во Рио де Жанеиро. Претседателот Живко Мукаетов е голем оптимист во пресрет на овој квалификациски турнир, но исто така и побара обединување на целокупната јавност и максимална поддршка од нацијата, за да не се случува влошување на атмосферата со работи кои се тотално погрешно темпирани.
– Утре патуваме, дојде и денот кој толку време го чекавме, ова е таа втора шанса да играме на Олимписките Игри. Сите сме максимално фокусирани, кај играчите е очигледно дека се максимално фокусирани за предизвикот. Мислам дека сите заедно сме спремни да го направиме тој исчекор што од нас се бара, се очекува. По она ЕП во Краков направивме анализа за тоа како дополнително организациски да ја засилиме репрезентацијата, по што доведовме нов спортски директор максимално посветен на репрезентацијата, да направиме плус квалитетен исчекор во делот на физиотерапеутика. Исто така проценка ни беше да доведеме и професионален спортски психолог од Словенија, со што стручниот штаб е целосно екипиран. ЈАс би сакал да кажам уште една работа, ние како УО на федерацијата и спремивме премија од 55.000 евра за нашата репрезентација да се пласира на ОИ. Оваа премија е само дополнителен мотив за да се пласираме ОИ, да го видиме Кире Лазаров како знаменосец во Рио. Како претседател на РФМ барам од цела нација да застане зад нас, да ја добиеме војната во Гдањск, а не да се замараме со работи кои во моментов се тотално небитни и максимално погрешно темпирани – порача првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.