Кабело, младо од носорог ја загубило својата мајка кога ловокрадците ја убиле поради рогот. По овој настан Кабело нашол нова мајка во Лаура Елисон, ветеринарка од Австралија која животот го посветила на грижа за животните во сиропиталиштето за носорози во Јужна Африка.
Лаура сподели видео во кое таа се мази со Кабело, кој изгледа пресреќен додека неговата мајка до допира по главата.
– Со Кабело развивме многу силна врска – вели Лаура.
Таа објаснува дека ова видео го поставила за луѓето да се вљубат во носорози, но воедно и да предупреди дека и понатаму на дивите животни не им е пријатно друштвото на луѓето.
Ова сиропиталиште за носорози е формирано во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)