| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн против Барселона, прво поглавје од германско-шпанската пресметка

Баерн и Барселона вечерва од 20.45 часот го почнуваат првото поглавје од германско-шпанската пресметка во полуфиналето од Лигата на шампионите. Во Минхен ќе гледаме мегадуел меѓу забревтаните Баварци и моќниот каталонски тим. Натпревар за уживање за сите фудбалски вкусови, дуел на светски ѕвезди во двата табори.

Домаќините се во страшен налет, со тим составен од многу германски репрезентативци, зачинет со интернационален шмек. Уверливо ја прегазија конкуренцијата во Бундел-сигата сезонава и без грижи за титулата ќе настапат против Барселона. Баерн е вистински предизвик за секој европски тим, со одличното дуо Рибери и Робен на крилните позиции, засилени со германските репрезентативци Лам, Нојер, Милер, Крос, Швајнштајгер, Гомес…

Hanover 96 vs Bayern Munich

Тие се вистински претставници на германската школа на фудбалот со беспрекорна дисцилина, многу борба, издржливост. Шарм во играта им носи популарното дуо Робе-Ри, што на англиски јазик има симболика и може да им ја „украде“ победата на сите противници. Баерн бара и рехабилитација за поразите во финалињата во последните неколку сезони кога загубија од Интер и од Челси.

– Тие се опасен противник што бара рехабилитација за ланскиот пораз од Челси кога загубија во самиот финиш. Сега имаат многу посилен тим, уште повеќе ја посакуваат европската круна, а нив поразите ги прават уште поцврсти. И ние имаме амбиции да го освоиме највредниот трофеј во европските натпреварувања и очекувам двомеч за уживање – вели Лионел Меси.

Paris Saint-Germain vs FC Barcelona

Токму неговата повреда ги загрижи навивачите на Барселона, а дури и го молеа на колена за да настапи во Минхен. Тој е главната алка на Барселона, заедно со Чави и со Иниеста, како триаголник во концептот „тики-така“, со многу додавања на средината на теренот и пред голот на противниците. Доминацијата во поседот на топката им е силен адут, а гол-формата на Меси, поткрепа во амбициите пак да се биде на европскиот трон. Малиот Аргентинец незадржливо ги урива рекордите по бројот на постигнати голови, а овојпат против себе ќе ја има гранитната одбрана на Баерн, со само 14 примени погодоци во Бундес-лигата.

– Тие доминираат во Европа во последните години. Имаат извонредни индивидуалци, но силни се и како тим. Барселона не е само Меси, и затоа велам дека се екипа со одлична хармонија на теренот – вели Јуп Хејнкес, менаџер на Баерн.

Баварците се во победнички тренд на својата арена во Минхен, каде што имаат 11 победи на последните 13 натпревари. Досега двете екипи меѓусебе играле само еднаш, пред четири години. Барселона беше поуспешна и победи дома со 4-0, а во Минхен беше 1-1.

Утре во второто полуфинале во Дортмунд ќе играат Борусија и Реал Мадрид, во нова германско-шпанска пресметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top