Синоќа по пауза од еден ден поради финалето во НЦАА универзитетската лига, продолжија натпреварите во НБА лигата.
Програмата беше богата и беа одиграни 11 натпревари, а изненадувањето на вечерта го приреди Минесота победувајќи на гостински терен кај актуелниот шампион и лидер во првенството Голден стејт по продолжение од 124-117.
Тимот од Калифорнија откако не беше поразен повеќе од една година на домашен паркет, за само три дена врза два пораза и сериозно си го загрози обидот за рушење на апсолутниот рекорд на Чикаго од пред 20 години. Сега „воините“ имаат скор од 69 победи и девет порази што значи дека ќе мора да победат на преостанатите четири натпревари од регуларниот дел од сезоната за станат најдобар тим во историјата на НБА лигата по бројот на остварени победи во една сезона.
Да биде потешко, Голден Стејт имаше предност од 17 поени разлика, но не успеа да ја сочува и во дополнителните пет минути мораше да се помири со поразот. Минесота ги имаше Шабаз Мухамад и Ендрју Вигинс кои заедно постигнаа 67 поени, додека Стеф Кари одигра далеку под своето ниво, шутот како ретко досега не му функционираше и заврши со 21 поен (7/25 од игра) иако малку ја спаси вечерта со 15. асистенции. Најефикасен во тимот на Голден Стејт беше Клеј Томпсон со 28 поени.
Интересно е тоа што ноќешниот пораз од Минесота е трет оваа сезона што го Голден Стејт го доживува од последнопласираниот тим во некоја дивизија. Претходно, тоа се случи со Милвоки Бакс во декември и минатиот месец со Лос Анџелес Лејкерс.
Инаку, ноќешната програма донесе две големи лични достигнувања во НБА лигата. Плејмејкерот на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук се израмни со Меџик Џонсон според бројот на трипл-дабл ефекти во една сезона откако ноќеска, во победата против Денвер со 124-102 го оствари својот 17. Освен што се израмни со Меџик, тој го помина Мајкл Џордан и во последните четири натпревари ќе се обиде да стане апсолутен рекордер.
Тим Данкан си го запиша своето место во историјата на НБА лигата откако стана третиот кошаркар со најмалку 1.000 во кариерата. Ветеранот учествуваше во триумфот на гостувањето кај Јута со 88-86 и сега пред него се само Роберт Периш со 1.014 и Карим Абдул-Џабар со 1.074. За какво достигнување станува збор, најдобро потврдува фактот дека Шарлот во својата историја има 912 победи, Минесота 843, Торонто 730 итн.
НБА резултати:
Филаделфија – Њу Орлеанс 107-93
Торонто – Шарлот 96-90
Атланта – Феникс 103-90
Мемфис – Чикаго 108-92
Мајами – Детроит 107-89
Милвоки – Кливленд 80-109
Денвер – Оклахома 102-124
Јута – Сан Антонио 86-88
Сакраменто – Портланд 107-115
Г.Стејт – Минесота 117-124
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 103-81
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)