| четврток, 6 декември 2018 |

Брутално убиство во Австрија- ги распарал жена му и сестра и и ги газел

уби

Во австрискиот град Капфенберг, Србинот Р.Р. ја убил на улица, неговата сопруга и нејзината сестра.

Сестрите имале, едната 30, а другата 29 години, додека убиецот е сопруг на постарата жртва. Убиецот, како што беше објавено, ја чекал жртвата пред еден трговски центар.Кога неговата жена се поајвила со сестра и тој почнал безмилосно да ги боде со нож, а пота и да скока врз нив.
Постарата девојка е мајка на три деца, а нејзината сестра, мајка на две деца.

Бројни сведоци на двојното убиство ја информирале полицијата, која го уапсила убиецот не е далеку од местото на злосторството на бензинска пумпа.
Според првичните информации, мотивот за злосторството е разводот на брачниот пар кој убиецот не можел да го прифати. Неговата сопруга го оставила две недели пред убиството.

Тој за време на апсењето, изјавил дека убиствата ги извршил под дејство на алкохол и дрога.
Сведоците тврдат дека тој извршил многу свирепо убиство, двете жени не само што ги прободел со нож, туку и скокал врз нивните тела. Жените при нападот се здобиле со бројни прободи со нож.

Во нападот врз жените е повреден еден човек кој се обидел да им помогне на жртвите.
Еден негов сонародник, кој го знае убиецот за медиумите изјавил дека напаѓачот пред две години, одеднаш станал верник, инаку е муслиман. Тој бил невработен и често одел во џамија.
Во текот на утрото тој објавил дека ќе направо злосторство велејќи: “ Денес ќе слушнете за мене”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top