Благој Стефановски, претседателот на НЕТА (Нова европска театарска акција) е избран за член на меѓународното стручно жири на фестивалот „Театарска пролет“, кој од 11 до 18 април ќе се одржува во српскиот град Шабац.
Во изјава за МИА Стефановски вели дека ја прифатил поканата на фестивалот во Шабац затоа што станува збор за квалитетен театарски настан, организиран според високи стандарди и респектабилен собир на театарските уметници.
– Годинава на фестивалот ќе бидат одиграни 8 претстави и заедно со актерите Милена Зупанчиќ и Емир Хаџихафисбеговиќ, како членови на жирито ќе се обидеме да ги наградиме најдобрите. Потврда за квалитетот на овој културен настан е и составот на Советот на фестивалот во кој меѓудругите се и актерите Мира Бањац, Воја Брајовиќ, режисери и други театарски работници. При одлучувањето и доделувањето на наградите ќе ги имаме пред вид најдобриот драмски текст, сценографија, костими, оригиналната музика, кореографијата и секако улогите што ќе ги толкуваат актерите – истакна Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.