Езерата кои се формираа и се проширија на Монт Еверест би можеле да ги загрозат населбите на пониска надморска височина доколку водата се излее од нив, соопштуваат научниците што го посетиле ова подрачје првпат по земјотресот во април 2015.
Водените површини на глечерот Кумбу, на Хималаите, се проширија и се споија во поголеми езера. Планинарите мораат да ги прејдат овие водени површини на патот кон највисокиот врв на светот.
Забрзаното топење на глечерите во регионот предизвикува загриженост во време кога се бележи пораст на глобалната просечна температура, пренесува „Би-Би-Си“.
Научниците предупредуваат дека новоформираните глечерски езера би можеле да се излеат и да предизвикаат човечки жртви и материјална штета на планинските падини.
– Пред десетина години постоеја ари на глечерот Кумбу, но во последните пет години почнаа да се шират и да се спојуваат – вели Ен Роуан, која го предводи научниот тим од универзитетот во Шефилд и Лидс.
Таа вели дека глечерот како да исчезнува, поради што би можело да се формираат нови големи и потенцијално опасни езера.
Нејзината експедиција проучувала сателитски снимки на глечерот направени пред 15 години и дошла до заклучок дека делови од долниот регион на глечерот се намалуваат поради топењето на мразот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.