| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографијата од оваа жена е доказ за катастрофата во Грција

Една жена и покрај големото излевања на нафта, јужно од Атина, одлучила да се искапе во морето.

Нозете и биле целосно покриени со нафта, па многумина не разбираат зошто воопшто влегувала во вода. Секако, оваа фотографија најдобро покажува колкави се последиците од еколошката катастрофа.
Глетката со апарат „ја фатил“ белгиски фотограф на плажа во познатата атинска населба Палео Флиро.

Грчкиот остров Саламина е погоден од еколошка катастрофа откако кај брегот потонал танкер со повеќе од 2000 тони нафта.

Огромна нафтена количина го прекри цел залив, а претставници објавија дека се загрозени над илјада морски животни. Нечистотијата е долга 1,5 км и чистењето најверојатно ќе трае четири месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top