Донација во медицинска опрема во вредност од три милиони австралиски долари обезбеди гeнералниот конзул на Република Македонија од Мелбурн, Бети Коруновска, во соработка со Министерствата за здравство на РМ и на Австралија,
Станува збор за комплетен современ систем (акцелератор) за радиотерапија, за лекување малигни заболувања, кој ќе биде инсталиран на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.
Како што се наведува во соопштението од генералниот конзулат на Македонија во Мелбурн, донацијата е обезбедена во соработка на ДКП на РМ во Австралија со Колин Хорнби, советник во Министерство за здравство на Викторија, Катерина Алексовска – заменик советник во Министерство за здравство, Алдо Ролфо, генерален менаџер на Радиолошка онкологија за Австралија, Џон Варгесе – Комерцијален директор на Радиолошка онкологија и грижа за срце на Викторија, претставници на Вариан Линак од СР Германија, Џенесис Кеар – австралискиот водечки провајдер за радиолошка онкологија и Министерството за здравство на РМ, кое ги обезбеди бараните специфични услови од страна на австралиските институции.
– Подготвеноста на Република Македонија да одговори позитивно на сите барани услови во предвидените рокови, ги даде своите резултати- опремата пристигна во Македонија, завршени се сите постапки кои се однесуваат на превоз, шпедиција и царинење и по завршување на подготвителните активности, се очекува нејзино инсталирање на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Со оваа донација е направен важен исчекор во заземање повисоко место на Република Македонија, во светските статистики од областа на здравството – стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дали се подготвивте: Од денеска МВР ќе казнува!
-
Ќе има големи казни: Од утре оваа обврска е задолжителна!
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Полицијата „дебело“ ќе казнува: Наскоро на сила стапува законската обврска за возачите!