Договорот од Пржино се спроведува во сите негови делови, а со веродостојност на изборите ќе биде пратена порака дека Македонија е на добар пат кон ЕУ. Сите политички партии се изјаснија дека се подготвени за избори на петти јуни. За овие избори се воспоставени нови правила во процесот, но на крај датумот на изборите може да го смени само Собранието, велат амбасадорите на САД и ЕУ, Аиво Орав и Џес Бејли во заедничкото интервју за „Канал 5“.
– Во февруари собранието донесе одлука да ги одложи изборите од 24 април за 5 јуни и оттогаш е постигнат важен напредок, особено со избирачкиот список и во работата на ДИК. Од народот, партиите и Собранието зависи одлуката за датумот на изборите, изјави американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли, во заедничкото интервју со евроамбасадорот Аиво Орав за Канал 5.
Тој нагласи дека се уште постојат технички предизвици што треба да се надминат во прочистувањето на избирачкиот список, зашто на крајот, кога и да се одржат избори најважно од се е тие да бидат фер и да ѝ помогнат на земјата во напредокот.
Сите политички партии се посветени на изборите и сите државни институции работат напорно за изборите на 5 јуни, за ден потоа да кажеме дека има позитивен извештај заеднички констатираат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)