| четврток, 6 декември 2018 |

Дали почнаа предизборните кавги и расправии во СДСМ?!

Како се наближува 5 јуни и денот на избори се повеќе расте нервозата во опозициската СДСМ. Тоа станува се поизразено во коментарите кои нивните членови ги објавуваат по социјалните мрежи. Последен доказ е фејсбук статусот на некогашниот прв човек на општинската организација на Центар, Љупчо Палевски.

a1

Тој ја обвинува главната уредничка на Фокус дека била полициски тастер на ексдиректорот на УБК Добре Величковски во времето кога МВР го водеше Томислав Чокревски.

– Епа до ку*ца полицајчиња и некреативни кретенчиња. Еви ви го на Јадранке мори тастерке на Добри бог душа да му прости. Ако Заев не знае како се чисти СДСМ, зарем ти со твојот гола вода ФОКУС ќе го чистиш СДСМ. Алооооо ЗАЕВ, пред една година УСА бараше А1 да биде објавена и да биде делот од вистината за Македонија. Ова сега е педерски и злобно, смешно е јас Бранко да го бранам, ама глупчо дополнителна збунка правиш во членството што нарачки овакви правиш од Јадранка тастерката. Пак се криеш и сплетки правиш, ЕВЕ БЕ ЗАЕВ ЈАС САКАМ СО ТЕБЕ ТВ ДУЕЛ ЗА ДА СЕ ПОДГОТВИ СДСМ ЗА ИЗБОРИ И ОВААА ДРКАНИЦА ОД ПРЖИНО ДА ЗАВРШИ. Доста веќе сплетки правиш и ти си кумувал на разноразни работи. Среди го СДСМ доста беше лигавење – пишува Палевски на ФБ.

Се поставува прашањето за какви сплетки и интриги го обвинува Палевски Зоран Заев?! Што би му кажал Палевски на Заев во ТВ дуел кој тој го посакува?! Дали тогаш би се дознало каде и кому се му „кумувал“ Зоран Заев?!

Лидерот на СДСМ Зоран Заев нема поддршка од мнозинството од македонскиот народ за деструктивната политика која ја води веќе година дена. Тоа го покажуваат и последните рејтинг анкети на кои се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ е во огромна предност пред СДСМ. Очигледна е причината поради која се повеќе расте нервозата кај опозицијата и нејзините членови.

 

anketa1-3

1-chart-37

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top