| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец сакал да ја убие сопругата, па доби триесетдневен притвор

наси

Скопјанецот Т.П.(48) доби кривична пријава поради обид за убиство при вршење семејно насилство, за што судија на претходна постапка му изрекол мерка притвор во траење од 30 денови.

Како што соопшти МВР, пријавениот на 2­ овој месец се обидел да ја убие својата 29­-годишна сопруга од Скопје, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди по главата и телото. ­ Пријавениот со сопругата имале бракоразводна парница и повеќемесеци не живееле заедно. На кривично ­правниот настан му претходела средба, односно на 1­ овој месец Т.П., по претходен телефонски договор заминал кај сопругата, која заедно со седумгодишната ќерка живеела во стан под наем. Пријавениот пристигнал во 21.30 часот и останал таму сè до наредното утро, кога сопругата му кажала дека треба да си оди и тргнала да го испрати. Во тој момент пријавениот ја убедувал да појде со него за да разговараат, но кога го одбила тој со употреба на сила ја внел во своето возило и се упатил кон Скопска Црна Гора. Додека возел со тупаници ја удирал по главата и по телото, заканувајќи ѝ се дека ќе ја убие. Неговата сопруга, го молела да престане и да го сопре возилото, а во два наврата се обидела да избега од возилото. Пријавениот успеал да ја фати при првиот обид, по што продолжил со физичкото малтретирање. При вториот обид да побегне од возилото, во близина на автобуската станица во с. Побожје, ѝ помогнал случаен минувач, кој, заедно со неговата сопруга ѝ пружил прва помош, се вели во соопштението.

Т.П. побегнал од местото на настанот, а оштетената со возило на Итна медицинска помош во бесознание била пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на натамошно лекување. Набрзо по настанот, полициски службеници на ЕПОИ „Алфа“ го пронашле и лишиле од слобода пријавениот. При извршеното алкотестирање, кај Т.П. биле констатирани 1,95 проценти присуство на алкохол во крвта. Инаку, Т.П. досега е кривично пријавуван за имотни деликти за што му се поднесени четири кривични пријави, а во периодот од 2008 година до 2011 година му се поднесени исто така и четири прекршочни пријави за загрозување на безбедноста во сообраќајот со управување на возило под дејство на алкохол и прекршочна пријава за нарушен јавен ред и мир со малтретирање друг во стан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top