Македонската oпера и балет го најавува, бисерот на балетската уметност „Есмералда“- Чезаре Пуњи
Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, кај нас ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин.
Приказна за безнадежната љубов, за животот и смртта е на програмата в четврток, (07 април), со почеток во 20 часот.
Во улогата на Есмералда ќе настапи примабалерината Александра Мијалкова, додека во улогата на Феб, првенецот Васил Чичијашвили.
Во останатите улоги ќе ги видиме, Флер де Лис: Наташа Јосифовска, Квазимодо: Јан Кисилев, Клод Фроло: Драган Кочоски, Гудула: Марија Јосифовска Ристовска, Циганка: Саша Евтимова.
Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.
Билети на Билетарница на МОБ, контакт тел: 02 3118-451
Оnline: www.mob.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.