| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо продолжува да шокира, ќе игра за перуански второлигаш

ronaldinjo

Поранешниот најдобар светски фудбалер Роналдињо во следниот период од кариерата ќе игра за перуанскиот второлигаш Сиенсиано од Куско.

Информацијата ја објави клубот преку социјалните мрежи, но се уште не се откриваат детали од договорот и начинот на соработка на двете страни.

– Здраво, јас сум Роналдињо и ќе го носам дресот на овој клуб – изјави Роналдињо преку видео порака.

Се шпекулира дека Бразилецот ќе одигра неколку натпревари за Сиенсиано, а потоа ќе прифати некоја од понудите од Кина и САД. Неофицијално, член на Сиенсиано ќе остане до јуни до кога има простор физички да се подготви по што ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top