Француската репрезентативка на голот на ЖРК Вардар, секако, е најзаслужна за високата победа на македонскиот шампион во првиот натпревар од четврфиналето во Лигата на шампионите против Ларвик (34-20). Популарната Дуду вториот гол на мечот го прими дури во 17.минута и многу брзо стигна до двоцифрен број на одбранети удари. Таа мечот го заврши со неверојатни 19 одбрани сосема заслужено се најде меѓу „трите ѕвезди“ на колото, заедно со голманката на ЧСМ Букурешт, Јелена Грубишиќ, и бекот на Ѓер, Корнелија Грот.
Воедно, Лејно се најде и на првото место од топ листата со најдобри голмански одбрани во првите четвртфинални натпревари во ЛШ. Овие пет одлични интервенции, на чело со фантастичната Французинка, можете да ги проследите на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.