| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во историскиот дел на Рим, загинати и ранети туристи

Еден вработен загинал, а лице во критична состојба е пренесено во болница по експлозијата во кафуле во историскиот дел на италијанската престолнина

rim centar

Еден вработен загинал, а лице во критична состојба е пренесено во болница по експлозијата во кафуле во историскиот дел на италијанската престолнина. Тешко повреденото лице, најверојатно, е странец, како и починатиот, пренесува агенцијата АНСА повикувајќи се на болнички извори. Причина за смртта , велат од болницата, е труење со чад.

Според првичните сознанија на полицијата, најверојатно станува збор за експлозија предизвикана од краток спој на фрижидер што се наоѓал во подземниот дел од кафулето на плоштадот Сан Лоренцо ин Лучина, во историското јадро на Рим.

Експлозијата предизвикала голема паника меѓу гостите во кафулето што седеле на улицата пред локалот, а, исто така, и меѓу многубројните туристи што ги разгледувале историските знаменитости во близината.

Римската полиција соопшти дека сè уште ги истражува околностите за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top