| четврток, 6 декември 2018 |

Потврда и од СЕХА, од следната сезона се вклучуваат и екипи од Словенија

seha

Годишното собрание на управниот одбор на СЕХА лигата само ги потврди гласините кои кружеа низ регионот во изминатиот период. Регионалното друштво од наредната година ќе добие учесници од уште една држава на Балканот. Станува збор за најдобро пласираните клубови од Словенија, Целје и Горење.

– Можам да потврдам дека од наредната година ќе играат и двата најдобри словенечки клуба, Целје и Горење. Мило ни е што ракометниот сојуз се согласи екипите да настапуваат директно во СЕХА лигата без разлика на пласманот во домашното првенство. Веспрем потпиша договор и за следната сезона, но дојде до некоја промена во клубот, па унгарската федерација најде спонзор за домашното првенство кој на некој начин даде услов сите екипи да играат во домашното првенство. Имавме проблематично побарување од унгарската федерација. Тоа беше да настапуваат четирите најдобри екипи. Конечната одлука беше да настапуваат само две екипи. Одговорот на федерацијата беше дека Унгарија нема да има претставник во СЕХА – лигата, но преговорите продолжуваат. Веспрем и националната ракометна федерација имаат рок од 15 дена за конечен одговор – ги потврди Михајловски гласините на регионалниот ракомет и продолжи со заблагодарување на спонзорот „Газпром“ со кој соработката е продолжена за уште три сезони.

спорт

– Голема чест и задоволство ми е да гледам преттавници од сите седум земји чии претставници се клубовите во СЕХА – лигата. Пред петтиот фајналфор на лигата имавме едно собрание на кое донесовме некои одлуки кои ќе ве интересираат. Нашата идеја е да станеме респектабилна лига и да докажеме дека во регионот се игра одличен ракомет. Како потврда за нашите резултати е и соработката со „Газпром“ кој е светски гигант и нè следи во сите размери на натпреварувањето. Да не беа ваквите спонзори немаше СЕХА да биде тоа што е денес. Од првата сезона досега имаме голем напредок. Клубовите што играат во СЕХА и во Лигата на шампиони не гледаат разлика меѓу првенствата што е и доказ за организацијата. Двата тешки состаноци кои ги имавме во Москва имаа позитвен исход. Со „Газпром“ остануваме заедно до 2020 година. Како благодарност за поддршката и довербата решивме да го именуваме Борис Жапожников за потпретседател на лигата – благодарен е претседателот на регионалното друштво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top