| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Очекувам во скоро време ДУИ да изврши замена на своите кадри

vlada-zgrada-1_0Останува неизвесно кој ќе раководи со 7-те министерски и четирите заменски места во извршната власт откако ДУИ ги депонираше оставките во Владата. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели дека сешуте се немаат сретнато со пртеседателот на интегративците, но не ја исклучува можноста за средба. Според Груевски, техничката влада не ја раководат само министерри од неговата партија и Социјалдемокартскиот сојуз, во најбрз рок очекува од ДУИ да достават список со нови имиња и да извршат замена на кадрите во извршната власт.

-Не е точно дека во владата останавме само ние и СДСМ, очекувам во скоро време ДУИ да изврши замена на свои кадри, не гледам зошто има нешто спорено во тоа некој да ги замени своите кадри- вели Никола Груевски лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Од друга страна пак од ДУИ велат дека нема никакви промени во нивниот став. Партиски извори велат дека остануват на одлуката да се повлечат од извршната власт. Засега нема никакви најави дека ќе извршат и достават список со заменски кадри. Велат дека сега сите одлуки се оставени во рацете на лидерот Али Ахмети, а тој сеуште нема одлучено што понатаму. Во понеделник оставките на министерите од ДУИ ќе се најдат во Собранието, а на седницата се очекува само претседателот Трајко Вељаноски да ги констатира.

Инаку пред два дена Центарланото претседателство на партијата едногласно реши да ги повлече функционерите од извршната власт, поради објавените приватни разговори во кои се посочени високи партиски функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top