| четврток, 6 декември 2018 |

Милион евра неделно, сума која не се одбива!?

mesi

Очигледно Манчестер сити не се откажува од идејата во своите редови да го донесе најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси.

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Барса, Бартомеу, го одбил барањето на таткото на Меси да се продолжи договорот на неговиот син на дополнителни три години, иако актуелниот му трае до 2018 година. Сето тоа, сега, сака да го искористи Манчестер сити, кој не крие дека сака да го донесе аргентинскиот фудбалер во своите редови.

Па, како што пренесуваат англиските медиуми, пак, Сити за Меси сега нуди неверојатни милион евра неделно за да успее да го убеди да размисли за преселба во Манчестер. За челниците на Сити, по ангажирањето на Пеп Гвардиола, нескриена е желбата сега да го спојат и со Лионел Меси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top