| четврток, 6 декември 2018 |

На плоштад „Македонија“ ќе се танцува руеда

На втори април, сабота во 16 часот на скопскиот плоштад „Македонија“, ќе биде направена најголемата руеда во Македонија, танц кој ќе обедини 90 салса парови од три различни клуба: Сонриса, Академија Рекреатива и Ка денс.

Денот на Руеда де Казино и оваа година се празнува во повеќе држави во светот, а во сабота и Македонија ќе се вклучи во одбележувањето.

Овој меѓународен настан во 2015 година беше одржан во 61 земја во над 213 различни локации во 190 града во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top