На втори април, сабота во 16 часот на скопскиот плоштад „Македонија“, ќе биде направена најголемата руеда во Македонија, танц кој ќе обедини 90 салса парови од три различни клуба: Сонриса, Академија Рекреатива и Ка денс.
Денот на Руеда де Казино и оваа година се празнува во повеќе држави во светот, а во сабота и Македонија ќе се вклучи во одбележувањето.
Овој меѓународен настан во 2015 година беше одржан во 61 земја во над 213 различни локации во 190 града во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.