Жељко Јоксимовиќ кој на својот последен албум соработуваше со нашето братко- сестринско авторско дуо – Лазар и Магдалена Цветковски кои за него ја напишаа ” Нисам те због лепоте волио”, конечно откри како и на кој начин се создала оваа прекрасна балада и кому му е посветена.
Тој ден се роди Коста, Јована веќе беше во болница, а јас отидов до студио и чекав да ми се јават. Во меѓувреме добив меил „Песна за Жељко Јоксимовиќ“ од младо момче од Македонија. Уште при првите тактови знаев дека тоа е добра песна, ме воодушеви мелодијата и атмосферата.
Кога ја слушнв прв пат, помислив на тоа како ќе звучи на стадион и колку химничен рефрен има. Текстот го напишала сестра му – искрен и едноставен. Всушност, се што е едноставно е и убаво. Почувствував дека не сакале да комплицираат и дека текстот е во служба на музиката. Демото го пееше едно момче од Македонија кое толку добро ја отпеа што на момент си помислив зошто тој не ја снимил досега. Цела година ја аранжирав. Сега во мелодијата слушам топлина, емоција, бесконечност и едноставност кои всушност сакав и да ги постигнам. Ова е една од најубавите балади и ѝ ја посветив на сопругата Јована”, открил Јоксимовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)