| четврток, 6 декември 2018 |

Третиот кинески воз почнува да сообраќа на релација Скопје – Битола

voz

Новиот, трет по ред кинески воз, од денеска е пуштен во сообраќај, информира Македонски железници Транспорт АД – Сопје.

– Новиот кинески дизел-моторен воз ќе сообраќа на релација Скопје – Битола и ќе ги замени веќе истрошените стари превозни средства. Во наредниот период граѓаните ќе можат да уживаат во благодатите на уште еден таков воз – четврти по ред (дизел-моторна гарнитура), кој веќе пристигна во Македонија. Останатите два се очекуваат до крајот на мај, со што 60 проценти од возниот парк на Македонски железници Транспорт АД – Скопје ќе биде обновен, се наведува во соопштението од компанијата.

Со оваа инвестиција од 25 милиони евра, целосно се менува сликата на патничкиот железнички превоз, која сега е на ниво на развиените европски земји, соопшти МЖ Транспорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top